Почетокот на преговорите со ЕУ како Македонци со македонски јазик е реализација на уште една стратешка цел, вели Георгиевска


„Мнозинството од пратениците во македонското Собрание донесе државничка одлука која гарантира европска иднина на државата. Северна Македонија ги започна преговорите со ЕУ по 17 години чекање. Истовремено, македонскиот јазик е заштитен со чиста формулација без фусноти и придавки и тој ќе биде рамноправен со останатите јазици на Европската унија“, вели Марија Георгиевска, пратеничка на СДСМ.
Таа додава:
По одржувањето на првата меѓувладина конференција, започна скриниг процесот по кој ќе следува и отворање на првите поглавја.
Ова е огромен успех на граѓаните, на актуелниот и поранешните пратенички состави со кој се реализира уште една стратешка определба поставена уште на денот на независноста а тоа е полноправно членство во ЕУ.
За жал и при носењето на Заклучоците по однос на европскиот предлог за почеток на преговорите, целата јавност на дело го виде деструктивното однесување на ВМРО-ДПМНЕ и нивниот партнер проруската партија Левица.
Со месеци во Собранието и надвор од него ширеа лажни вести за наводна асимилација и бугаризација, за наводно продавање на македонскиот јазик, идентитет и историја.
Организираа насилни протести и крвави сценарија за да ја дестабилизираат државата.
Откако им пропадна планот за дестабилизација на чинот на гласањето ја напуштија салата и не смогнаа храброст ниту да гласаат против за предлогот кој жестоко го критикуваа.
ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш застана на спротивната страна од интересите на граѓаните и државата.
Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ ќе продолжи да работи во интерес на граѓаните, ќе продолжиме со реализација на процесот на реформи кој е важен за нашата државата.
Го продолжуваме европскиот пат, иднината на нашата држава и нашите сограѓани е европска.
