Македонија

Важно известување ако скенирате сметки

Управата за јавни приходи(УЈП) известува дека се врши прилагодување и ажурирање на апликација МојДДВ.

Додека трае ажурирањето и прилагодувањето граѓаните за да ги скенираат фискалните сметки, потребно е во мобилната апликација во делот ,,ПРОФИЛ“ во прозорчето ,,Тип на баркод скенер“ каде што сега стои ,,Напреден“ да ја изберат опцијата ,,Основен“. Фискалните сметки кои не можат да се скенираат преку опцијата ,,Основен“, може да се скенираат на киосците и бар код читачите што се поставени во просториите на Управата за јавни приходи. По завршување на овој процес, Управата за јавни приходи ќе ги извести граѓаните повторно во ,,Тип на баркод скенер“, да ја изберат опцијата ,,Напреден“ при скенирање на фискалните сметки.

Власта го воведе овој проект, со цел да се субие сивата економија и неиздавањето фискални сметки.

На почеток