Свет

(ВИДЕО) Конгресмен нападнат на сцената за време на предизборниот говор

Човек се искачи на бината и се обиде да го избоде американскиот конгресмен Ли Зелдин со остар предмет додека држеше говор во својата кампања за гувернер на Њујорк.

Како што соопшти изборниот тим на Зелдин, тој не е повреден, пренесува Танјуг.

На видеото објавено од сведоци на социјалните мрежи се гледа неидентификувано лице облечено во црна бејзбол капа како брзо му се приближува на Зелдин на сцената за време на вчерашниот предизборен митинг во американската сојузна држава Њујорк, држејќи некаков вид оружје, наведува британската агенција.

На видеото се слуша како мажот му повторува „заврши“ на Зелдин додека посегнува по лицето или вратот на републиканскиот кандидат. Конгресменот го оттурнал пред двајцата да паднат на земја, додека неколку други се обиделе да го совладаат осомничениот. Портпаролката на изборниот тим на Зелдин на Твитер објави дека осомничениот се обидел да го избоде конгресменот, а тој и неговите соработници се неповредени. Таа исто така рече дека Зелдин го завршил својот говор по инцидентот и им се заблагодарил на полицајците кои реагирале за време на нападот. Локалната полиција не даде официјална изјава во врска со овој инцидент, наведува британската агенција.

На почеток