(ВИДЕО) Се огласи Бајден по информациите дека е позитивен на ковид-19
Од
Објавено на
Американскиот претседател Џозеф Бајден синоќа соопшти дека се чувствува добро откако бил позитивен на корона вирусот.
Во видеото од 21 секунда на Твитер, Бајден рече дека цело време „завршува многу работа“ и дека ќе продолжи со своите должности додека е во самоизолација.
Бајден кива, се чувствува уморен и повремено има сува кашлица, изјави неговиот лекар Кевин О’Конор.
Благите симптоми почнаа во средата навечер, рече О’Конор, додавајќи дека очекува американскиот претседател позитивно да одговори на третманот, пренесе Ројтерс.
An update from me: pic.twitter.com/L2oCR0uUTu
— President Biden (@POTUS) July 21, 2022