Магазин

Срна и диво маче спасени за време на шумските пожари во Грција

Срна и диво маче биле спасени од смрт за време на шумските пожари кои беснеат во Грција.

Според објава на групата „Live from Greece“, тие се сместени во просториите на противпожарната служба.

Кога пожарникарите дошле да ги посетат и да им донесат храна, ги затекнале како лежат заедно.

Екипите за итни случаи втор ден се борат да го стават под контрола шумскиот пожар што беснее во Националниот парк Дадиа – дом на единствената колонија на црни птици на Балканот, во североисточниот пограничен регион Еврос.

Стрмниот и нерамен терен во комбинација со променливите ветрови ги попречија напорите на повеќе од 320 пожарникари во 68 противпожарни возила, на кои им помагаа 10 авиони за фрлање вода и девет хеликоптери.

До петокот вечерта, пожарот проголта повеќе од 800 хектари густа борова шума во уникатниот екосистем со богата фауна.

На почеток