Магазин

Се откри кој е расистот од кралското семејство: „Му кажала на Хари дека неговото дете ќе има црвена афро фризура“

Принцот Хари и Меган Маркл зборуваа за расистичките коментари со кои се соочија пред раѓањето на нивниот син Арчи за прв пат во интервју со Опра Винфри во март минатата година. Не сакаа да го откријат името на личноста која ги дала расистичките коментари, бидејќи, како што тврдела Меган, тоа многу ќе и наштети на угледот, а сега е откриено за кој член на кралското семејство се работи.

Новата книга на авторот Том Бауер го открива името со кое Меган не сакала да излезе во јавност.

Авторот во својата книга „Одмазда: Меган, Хари и војната меѓу Виндзорите“, која го истражува наводниот „раздор“ меѓу војводата и војвотката од Сасекс и другите членови на монархијата, тврди дека тоа била Камила, војвотката од Корнвол и втора сопруга на принцот Чарлс, која имаше расистички коментари за нивниот тогаш нероден син Арчи и дека ја поттикнала осудата на целото кралско семејство.

Според странските медиуми, втората сопруга на принцот Чарлс, Камила, наводно на Хари му рекла дека би било смешно неговото неродено дете да има „црвена афро фризура“ за време на разговорот што го имале со семејството во 2016 година. Откритијата на Бауер стигнаа и до Камила, а извори блиски до војвотката од Корнвол ги нарекоа тврдењата „тотална глупост“.

На почеток