Магазин

Вучиќ ги одликуваше Андреа Бочели и Мариза со златен медал за заслуги

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вчера им додели Златни медали за заслуги на познатиот тенор Андреа Бочели и португалската фадо пејачка Мариза.

„Ми претставува особена чест вечерва да го доделам златниот медал за заслуга на Андреа Бочели, еден од најголемите тенори на денешницата и уметник кој преку единствената и фасцинантна страст во интерпретацијата, на публиката ширум светот и дава незаборавни емоции и спектакуларно искуство на музиката“, рече Вучиќ

Претседателот се сретна и со познатата уметница Мариза, која исто така ја одликуваше со медал.

На почеток