Магазин

Карлеуша за настапот на Роштилијада: Не можам да им пеам само на вегетаријанци

Пејачката Јелена Карлеуша на крајот на август ќе добие 20.000 евра за настапот на Роштилијадата во Лесковац, иако претходно брутално ги навредуваше луѓето кои консумираат месо.

Иако лесковци почнаа кампања за собирање пари за да и ги дадат на Карлеуша за таа да не пее во нивниот град, се чини дека пејачката нема да се откаже од закажаниот настап.

По бројните критики на социјалните мрежи, Јелена се огласи на својот официјален Инстаграм профил и истакна дека ќе пее на „секој плоштад во оваа земја“.

„Поради постојаните напади на разни будали кои имаат проблем со тоа што пеам на плоштадот во Лесковац и сум вегетаријанец, во периодот кога таму се јаде скара, морам да се изјаснам: не можам да им пеам само на вегетаријанци и да им барам потврда на луѓето што доаѓаат на моите концерти дека не јадат месо“, напиша Карлеуша и додаде:

„Или мислите дека треба да пеам само во градовите каде што живеат само вегетаријанци? Не само што ќе пеам за вас на секој плоштад во оваа земја, туку и сè ќе гори!

Таа изјави дека ќе продолжи да „влијае на свеста на луѓето“.

„Со личен пример и добри дела ќе продолжам да влијаам на свеста на луѓето за животните, што и го правам“, заклучи пејачката.

На почеток