Актуелно

„Ако е тешко да се заокружи ливче, ние ќе бидеме народ кој не заслужува држава“, вели Јованов

Професорката Тамара Јованов на социјалните мрежи објави статус во кој вели дека ако е тешко да се излезе и да се заокружи ливче, ние ќе бидеме народ кој не заслужува држава.

„Немало да се собереме 900.000 за гласање на референдумот!?
Епа, шо тогаш барате држава!?
После друг ќе ви биде крив.
Не ќе да е така, ако ти е тешко да излезеш да заокружиш едно ливче, на позната локација, со обезбедено пенкалце, за својата дома; за она што си.
Во таков случај, другари, ние ќе бидеме народ кој НЕ заслужува држава и е предодреден да биде окупиран и ропски народ.
Зошто, лавот се раѓа со инстинкт на ловец и така и живее; антилопата се раѓа со инстинкт на плен и така и живее; а човекот е единствениот кој може да бира!
Затоа, или бори се, или не се жали над сопствената судбина.
Дел од судбината е даден, ама дел и самиот ја кроиш со сопствените избори“, вели Јованов.

На почеток