Актуелно

Телохранител на Груевски откри што правел експремиерот додека камерите биле исклучени

На социјалните мрежи се огласи телохранителот на експремиерот Никола Груевски. Тој вели дека Груевски помогнал на многу луѓе, но на крајот како што вели останал само гневот кон него.

„Со денови и денови читам недолични навреди кон личност која што мислам дека малку барем добро ја познавам и навистина е премногу за било кој се тоа да се пишува сепак и тој има овде семејство има дечиња има мајка, роднини ,пријатели и сл.

Додека бев на служба во МВР како дел од 6 УПРАВА ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ и долги години како дел од тимот за обезбедување на г-от Никола Груевски не навлегувајчи во неговите политичка или бизнис кариера како човек кој што лично го познавам безброј пати помогнал на дечиња да отидат на лекување во странство без за тоа да се спомнува било каде.
Безброј пати јас лично сум сведок каде што помагал на многу луѓе кои што имаа здраствени проблеми ,на семесјтва кои што навистина беа финансиски загрозени и многу многу други примери.

Но се тоа се заборави остана само гневот кон него што ја отсликува нашата реалност во која што денес живееме“, стои во објавата.

На почеток