Свет

Литванија ја укина забраната за транспорт на стоки до Калининград

Литванија ја укина забраната за транспорт на стоки опфатени со санкции против Русија до регионот Калининград.

Калининград се наоѓа на Балтичкото Море и користи железничка врска со Русија преку Литванија за патнички и товарен сообраќај.

Русија беше огорчена кога Литванија го забрани преносот на челик и други метали преку нејзина територија, како што е предвидено со санкциите на ЕУ против Москва, и се закани со реципрочни мерки, пишува Срна.

Сепак, литванските железници најавија дека ќе продолжат да транспортираат стоки во рускиот регион.

ЕУ минатата недела објави дека забраната за транспорт се однесува на патниот и железничкиот сообраќај, како и на транзитот и дека Литванија мора да и дозволи на Русија да испорача бетон, дрво и алкохол во Калининград, пренесува Новости.

Неименуван функционер од Калининград за руската новинска агенција ТАС изјави дека 60 вагони цемент наскоро ќе се упатат кон регионот.

To Top