Свет

Турски министер: Нема потреба од целосно деминирање на украинските пристаништа во Црното Море

Турскиот министер за одбрана Хулуси Акар изјави дека нема потреба од целосно деминирање на украинските пристаништа во Црното Море.

Како што истакна, доволно е создавање безбедни премини за трговските бродови, пренесува Teletrader.

„Бидејќи ќе се формира заеднички координативен центар, а ќе бидат присутни и руската и украинската страна, ќе го одредиме безбедниот тек на бродовите“, изјави турскиот министер во интервју за Си-Ен-Ен.

„На овој начин“, додаде тој, „ќе обезбедиме бродовите безбедно да влегуваат и излегуваат од украинските пристаништа“.

Долгоочекуваниот договор за жито го потпишаа претставници на Москва, Киев, Анкара и Обединетите нации.

Како што објави Ројтерс, постигнувањето договор ќе ја олесни растечката криза со храна, која се влоши за време на војната во Украина.

На почеток