Македонија

Пешак е прегазен, со тешки повреди е однесен во болница

На 23.07.2022 во 18.30 часот во СВР Битола било пријавено дека на патниот правец Прилеп-Ресен, патничко моторно возило „опел астра“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(40) од с.Лознани, удрило во пешакот Т.Д.(58) од с.Лознани.

Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница во Битола. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола.

На почеток