Малолетник направи тешка несреќа во Штип

Од
Објавено на

На 23.07.2022 во 23.30 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Крушевска Република“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „опел корса“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(70) од Штип и мотоцикл „априлија“ со штипски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од мотоциклот, а со телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничката болница во Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
