Актуелно

Германци снимале голи деца во камп во Хрватска

Полициски службеници привеле двајца германски државјани, кои со рачно изработена камера снимaле голи деца во камп во месноста Ровињ, соопшти истарската полиција.

Според извештаите, полицијата истражувала двајца германски државјани на возраст од 48 и 79 години поради сомнение дека сториле кривично дело експлоатација на деца за порнографија.

Во саботата гостите на кампот во околината на Ровињ го забележале сомнителното однесување на двајцата мажи и веднаш го известиле обезбедувањето, кое повикало полиција, се вели во соопштението, пренесуваат хрватските медиуми.

Според информациите, тие снимале голи деца на базен и пловечки воден парк, а по наредба на надлежен суд, извршен е претрес во нивното возило и во мобилниот дом во кој престојувале. При претресот полициските службеници пронашле и одзеле рачно изработен апарат за снимање, лаптоп, камера, МП3-плеер, четири мобилни телефони, седум УСБ-стика и други предмети.

Во текот на истрагата било утврдено дека двајцата мажи ставиле рачно изработен уред за снимање во торба, која личела на пренослив фрижидер, и на тој начин ги снимале децата.

На почеток