Грчки град на прво место: 10 најпотценети туристички дестинации во светот


Компанијата за складирање багаж Bounce го објави своето истражување за најпотценетите туристички дестинации во светот. Истражувачите стигнаа до избраните места и нивното рангирање со споредување на местата според количината на туристички атракции што ги нудат, рејтингот на дадените атракции на Интернет и бројот на туристи на годишно ниво.
Кога еден град на туристите им нуди голем број интересни работи, кои тие ги оценуваат високо, а притоа го немаат очекуваниот број на посетители, тогаш тој е потценет, барем според класификацијата на истражувачите на компанијата Bounce.
Првото место на листата на најпотценети туристички дестинации го зазема Родос, главниот град на истоимениот остров во Грција. Причината за неговиот висок рејтинг треба да се бара во тоа што содржи голем број историски знаменитости, како што е, на пример, убав и добро сочуван стар град опкружен со ѕидини, но и други работи од интерес за туристите во лето: плажи, ресторани, клубови, бутици итн. Покрај сите атракции што ги нуди, Родос е домаќин на нешто повеќе од милион посетители годишно, што секако не е мало, но е недоволно во споредба со вистинскиот потенцијал на овој град.
Второто место на листата на најпотценети туристички дестинации во светот го делат Маракеш (Мароко) и Порто (Португалија). Малкумина оспоруваат дека тоа се омилени градови кои луѓето сакаат да ги посетуваат, но според високата оценка што ја добиваат нивните туристички атракции на Интернет, тие треба да бидат домаќини на уште поголем број луѓе.
Погледнете во продолжение како изгледа комплетната листа на 10-те најпотценети туристички дестинации на компанијата Bounce.
1. Родос, Грција
2. Маракеш, Мароко
3. Порто, Португалија
4. Ираклион, Грција
5. Рио де Жанеиро, Бразил
6. Краков, Полска
7. Лима, Перу
8. Хонолулу, САД
9. Хургада, Египет
10. Ница, Франција
