Свет

Лавров до Америка: Само ја комплицирате глобалната ситуација со храната

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во денешниот телефонски разговор му рекол на американскиот државен секретар Антонио Блинкен дека американските санкции „само ја комплицираат глобалната ситуација со храната“, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

– Министерот особено го привлече вниманието на фактот дека глобалната ситуација со храната дополнително се усложнува со американските санкции – соопшти Министерството, пренесува ТАС С.

Лавров го информираше Блинкен за деталите од договорот за храна постигнат во Истанбул.

– Ентони Блинкен е запознаен со деталите од пакет-договорот, потпишан на 22 јули во Истанбул, во врска со транспортот на украинско жито од пристаништата на Црното Море и промовирањето на извозот на руска храна и ѓубрива – соопшти Министерството, пренесува ТАС С.

Шефот на руската дипломатија му рече на американскиот државен секретар дека Вашингтон не ги исполнува своите ветувања во однос на ослободувањето од санкциите за извоз на руски земјоделски производи и додаде дека Русија ќе ги постигне сите цели во Украина, а дека Западот со оружје за Киев само го продолжува конфликтот, пренесува Ројтерс.

Зборувајќи за размената на затвореници меѓу Русија и САД, Лавров предложи двете земји да се вратат на „тивка дипломатија“.

– Во однос на евентуалната размена на затвореници со САД, руската страна силно препорача двете земји да се вратат на професионален дијалог во режим на тивка дипломатија, без шпекулации и фалсификат – соопшти Министерството, пренесува руската агенција,пренесе Новости.рс.

На почеток