Коментари

Талат за Илинден на Мечкин Камен, а Божиновски му вели: Последен пат кога беше во природа не поминавме убаво

Собранискиот спикер, Талат Џафери најави дека ќе оди на Мечкин Камен за празнувањето на македонскиот празник 2 Август – Илинден во Крушево. Ова наиде на коментари на социјалните мрежи.

„Последен пат ко беше во природа не поминавме убо“, напиша Божиновски.

За најголемиот македонски национален празник 2 Август – Илинден во Македонија традиционално ќе се одржат повеќе манифестации и народни собири бидејќи празникот е и верски.

Според најавите за учество на државниот политички врв премиерот Димитар Ковачевски излегува „комита“ на Мечкин Камен во Крушево, собранискиот спикер Талат Џафери „партизан“ во Пелинце, а претседателот и врховен командант на вооружените сили на Македонија, Стево Пендаровски „бега“ од народните собири и ќе остане во кругот на Вила Водно.

Пендаровски, во вторник ќе положи цвеќе на Споменикот на паднатите борци од НОБ во Алејата на великаните на градските гробишта во Бутел и ќе се поклони на гробовите на поранешните претседатели Киро Глигоров, Борис Трајковски и генерал Михајло Апостолски.

На почеток