Коментари

„Судбината на Катица ти тропа на порти“ и порачуваат на Русковска по снимка која протече, а за која се бара истрага

Коментарите на социјалните мрежи не стивнуваат. Откако протече снимка со фотографија од обвинителката Вилма Русковска, каде се слуша разговор меѓу женско лице (бидејќи обвинителката не кажува дали е таа) и мутиран глас (кој звучи како машки), јавноста има свое гледиште на работите.

Многумина се згрозени од моментот на мубаетот каде женското лице вели: „Не го држев, два месеци го заборавив, го заборавив буквално.. го заборавив, намерно.. Владимир Атанасовски, го ставив во притвор и го заборавив два месеци, хаха“. По ова, следува гласно смеење.

Атанасовски е поранешен директор на УБК. Тој беше обвинет од Русковска во случајот „27 април“, кој таа го застапуваше пред суд. Тој доби и затворска казна, а за време на процесот, беше во притвор во затворот во Шутка.

Дел од коментарите на твитерџиите кои ја споделуваат снимката:

 

На почеток