Македонија

Таче дал директива на членството за Илинден сите да бидат вештачка поддршка на Мечкин Камен, тврди Апасиев

Лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев тврди дека претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски дал директива на Илинден сите да одат на Мечкин Камен. Ова доаѓа откако неколку години со ред, делегациите за Илинден од СДСМ и ДУИ се исвиркувани од присутните.

„Инсајдери од пробугарската СДС ми кажуваат дека Таче дал директива до членството, на Илинден сите да се нацртаат на Мечкин Камен – за да глумат вештачка “народна поддршка”!?

А, бе, квислинзи – да не сум ви во кожата. Кај и да идете ќе бидете исвиркани! Оти народ не може органски да ве поднесе. А вие глумете си “народна поддршка” уште некое време, таман додека не исчезнете“, напиша Апасиев.

За Илинден, има цела агенда за прославување.

На почеток