Сведоштво: Јас два пати по четири години лежев во бугарските затвори за македонските права во Бугарија, а сега македонската држава ќе ги впише Бугарите во Уставот
Јас два пати по четири години лежев во бугарските затвори за македонските права во Бугарија, а сега македонската држава ќе ги впише Бугарите во Уставот, а никаде нема да биде заведено македонското малцинство таму, реагираше Стојан Ѓоргиев, почесен претседател на ОМО „Илинден-Пирин“ од Софија кој присуствуваше на денешната 51. Семакедонска средба во битолското село Трново.
„Ја осудивме Бугарија во Стразбур 14 пати зашто не ги признава нашите права и пак не не` регистрира. Политиката на Бугарија кон Македонците е многу лоша, сакаат да ги бугаризираат Македонците. Гоце Делев, Даме Груев, Јане Сандански се бореле против бугарските врховисти кои сакале Македонија да ја припојат кон Бугарија, а сега во Битола направија клуб ‘Иван Михајлов’, најголемиот убиец на Македонците. Тодор Александров и Ванчо Михајлов не ги почитуваме. Ние Јане Сандански си го знаеме, Гоце Делчев, тоа е Македонија за нас“, рече Ѓоргиев.