Муареми и врати на Вилма: Обвинителке, довербата на јавноста и не ви е многу наклонета
Улогата на еден јавен обвинител најмалку од сè е да изјавува дека ќе сподели сознанија и информациии со јавноста за таа да суди кој е криминалец. Обвинителката Русковска како намерно да заборава дека криминалот се докажува во рамки на институциите, а граѓаните се тие кои им укажуваат доверба врз основа на нивната работа. Обвинителке, ако се земат последните анкети во предвид, довербата на јавноста и не ви е многу наклонета, се вели во реакцијата на директорот на Финансовата полиција Арафат Муареми насочена кон шефицата на ОЈОГОК, Вилма Русковска.
„Ја повикувам Вилма Рускоска, доколку располага со сознанија и информации за сторен криминал од моја страна – истите да ги докаже и на јавноста да и пласира обвинителен акт против мене, а не празни и неосновани сознанија и информации, дискредитиријаќи ја во целост функцијата која ја извршува.
Негонење на кримал поради притисоци претставува кривично дело, обвинителке. А вашата чест и углед е безпредметнo да ги коментирам.
Се придружувам и јас кон вашиот повик до амбасадите и сите страни на кои се повикувате за „помош”- нека го потврдат и тие она што Јавниот обвинител на Република Северна Македонија го утврди со надзорот над вашето незаконско работење и неетичко постапување.Одговорност за вашето самоволие мора да има“ вели Муареми.