Коментари

Младината на Левица корегираше транспарент, на Твитер осамна коментар: „Апасиев си го прчи во Грчка и праќа деца да го бранат“

На надвозникот кај Кисела Вода, осамна транспарент со натпис „Апасиев вошка беше, вошка ќе останеш“, а од двете страни имаше руско знаме. Тоа и пречело на Левица, па името на Апасиев е избришано и ставено името на претседателот на државата Стево. Непознато е кој го ставил транспарентот со презимето на пратеникот Апасиев, додека за транспарентот со Стево, порталот „Антропол“ пишува дека го корегирале од Левица.

„Помладокот на Левица откако го поправи транспарентот, на којшто сега помеѓу две бугарски знамиња е напишано ‘Стево, вошка беше, вошка и ќе останеш’, им го врати поставен на надвозникот кај Бихаќка“, пишува порталот.

Иако ликовите на лицата кои го менувале името на транспрентот се затемнети, сепак, на „Твитер“ јасно се гледа за кого станува збор. Ако се суди според фотографијата, тие се тинејџери.

„Апасиев си го прчи у Грчка и праќа деца да го бранат и шкртаат плакати. Исто ко на протестите пред Собрание. Пушти деца да кршат и гнијат у притвори, па да бидат признаат вина, се кааат и бидат осудени. Лидериште <3“, пишува во твитот.

На почеток