„Ако не профункционираат институциите ќе има уште убиства, ако еднаш кренал рака, нема да остане на еднаш“, реакција по смртта на неготинчанката
Смртта на неготинчанката претепана од партнерот, наиде на остри осуди и згрозување. Меѓу многуте реакции, има и такви кои потсетуваат на стигнамата која се прави на жртвите на семејно, но и други видови насилство.
Божидар Божиновски, кој важи за остар критичар на ваквите состојби, посочува дека мора да функционираат за да ова не се повторува.
„На секое вакво убиство сме гневни и зачудени, а ги има многу. Ако не профункционираат институциите и во иднина, за жал, ќе има уште убиства, тепања, пекол за жртвите на семејно насилство. Многу често институциите ѓу враќаат жртвите кај џелатот и им ја продолжуваат агонијата. Ако еднаш кренал рака, нема да остане на еднаш…
Менталитетот е другиот проблем, кој мора со едукација да се смени, а тоа не е брз процес ко институциинални решенија. На секој пост за семејно насилство има коментари “убо ѝ напрајл”, ”сама си го барала”. Стигмата на заедницата не паѓа на насилникот туку на жртвата“, пишува Божиновски.
Во тек на вчерашниот ден во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје почина 46-годишната жена од Неготино, која беше претепана од страна на нејзиниот партнер П.Н. (51) во раните утрински часови на втори август. Таа од тогаш беше во кома поради тешките повреди и се бореше за живот.
Почина жената од Неготино, која беше претепана од нејзиниот партнер