Кина за денеска најави нови вежби
Кинеската војска за денеска најави нови вежби на море и на небото околу Тајван.
Источната борбена команда на Народноослободителната војска на Кина објави на социјалната мрежа Веибо дека ќе вежба да изведува напади против подморници и море, пренесува Ројтерс.
По минатонеделната посета на претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес Ненси Пелоси на Тајван, кинеската армија започна големи воени вежби со употреба на боева муниција во водите околу тој остров.
Непосредно пред крајот на вежбите, 10 воени бродови од двете страни маневрираа околу централната линија на Тајванскиот теснец.
Тајван рече дека за време на вежбите, неколку кинески бродови и авиони ја преминале централната линија.
Во исто време, тајванската војска распореди бродови и авиони, како и ракетни системи за следење на ситуацијата.
Како дел од нејзината азиска турнеја, Пелоси оствари кратка ненајавена посета на Тајван, која наиде на остри осуди од Кина и доведе до зголемување на тензиите во Тајванскиот теснец.
Тоа беше прва посета на претседател на Претставничкиот дом на Тајван од 1997 година.
Кинеските власти претходно најавија дека ќе ги преземат сите достапни контрамерки како одговор на нејзината посета, која ја окарактеризираа како „играње со оган“.