Актуелно

Купувач го одбил украинското жито

Купувачот ги одбил украинските зрна, кои со бродот „Разони“ биле испорачани во либанското пристаниште Триполи, соопшти украинската амбасада во Бејрут.

Одбивањето на купувачот беше образложено со доцнењето на товарот повеќе од пет месеци, пренесува Ројтерс.

„Според информациите дадени од испраќачот на украинско жито на бродот „Разони“, купувачот во Либан одбил да го прифати товарот поради доцнење во однос на испораката“, соопшти украинската амбасада на Фејсбук.

Според оваа изјава „испраќачот сега бара друг примач да го истовари неговиот товар или во Либан/Триполи или која било друга земја/пристаниште“.

„Разони“ е првиот товарен брод со украинско жито што го напушти пристаништето Одеса како дел од договорот за деблокирање на украинските пристаништа, а превезува нешто повеќе од 26.000 тони пченка.

Обединетите нации и Турција посредуваа во договорот меѓу Киев и Москва минатиот месец, по предупредувањата дека запирањето на украинските пратки жито предизвикано од руската инвазија на Украина може да доведе до сериозен недостиг на храна, па дури и до појава на глад во некои делови од светот, според британската агенција.

Досега со седум брода од Украина се извезени околу 243.000 тони пченка, од првото полетување на 1 август, јавува Ројтерс, покажуваат податоците на турското Министерство за одбрана.

На почеток