Свет

НАТО: Србија е близок партнер

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг оцени дека Северноатлантската алијанса е долгорочен и близок партнер со Србија.

Тој рече дека партнерството се заснова на политички дијалог и практична соработка, со целосно почитување на државната политика на Србија за воена неутралност.

„Нашиот политички дијалог се манифестира на различни начини. Тоа ги вклучува моите контакти со претседателот Александар Вучиќ и други политички лидери и редовни интеракции со српските колеги, вклучувајќи го и мојот заменик-помошник за политички прашања и безбедносна политика и шефот на Канцеларијата за воени врски на НАТО во Белград. Исто така, вклучува и добро воспоставени односи меѓу командантот на КФОР и српскиот началник на Генералштабот“, изјави Столтенберг за подгорички „Вијести“. Тој вели дека таквите односи овозможуваат конструктивен дух и меѓусебно почитување „што треба да продолжи“.

Што се однесува до Косово и Метохија, Столтенберг рече дека „неодамна разговарал со политичкиот врв во Приштина и Белград за тензиите на северот на Косово“.

„Сите страни мора да останат смирени, да избегнуваат еднострани дејствија и конструктивно да се вклучат во дијалог, со посредство на Европската унија. Во согласност со мандатот на ОН, мисијата КФОР внимателно ја следи ситуацијата и е подготвена да интервенира доколку е загрозена стабилноста“, тој рече тој.

Столтенберг рече дека НАТО ќе продолжи целосно да го поддржува дијалогот, со посредство на ЕУ.

Осврнувајќи се на Босна и Херцеговина, Столтенберг рече дека БиХ „измина долг пат од конфликтите во 1990-тите, но, за жал, тензиите остануваат високи, со реторика што придонесува за поделби, суспендирани реформи и странски актери кои работат на поткопување на нејзиниот напредок“.

Во однос на Црна Гора, Столтеберг рече дека таа е ценет сојузник, кој значително придонесува за заедничката безбедност, вклучително и учеството на војниците во мултинационалната борбена група на НАТО во Латвија и мировната мисија на Косово и Метохија.

„Го поздравувам придонесот на Црна Гора за стабилноста во целиот регион на Западен Балкан, како и зголемените трошоци за одбраната. Сето ова е конкретен показател за силната посветеност на Црна Гора кон НАТО“, додаде Столтенберг.

На почеток