Актуелно

(ВИДЕО) Бајден потпиша документи со кои го поддржува пристапувањето на Финска и Шведска во НАТО

Американскиот претседател Џо Бајден потпиша документи кои го поддржуваат пристапувањето на Финска и Шведска во НАТО.

Бајден ги потпиша Инструментите за ратификација на Протоколот за пристапување кон Северноатлантскиот договор за Република Финска и Кралството Шведска.

Апликациите на Шведска и Финска за влез во НАТО беа претходно ратификувани од американскиот Сенат.

Претходно американскиот Сенат со гласање 95-1-1 ја одобри резолуцијата со која се ратификуваа барањата на Финска и Шведска за влез во НАТО, дозволувајќи ѝ на администрацијата на Бајден да достави документи за ратификација на алијансата.

На 5 јули 30-те членки на НАТО потпишаа протоколи за пристап за Финска и Шведска, кои ги поднесоа своите апликации за членство во мај, напуштајќи ја децениската неутралност и наведувајќи ја промената на безбедносната ситуација во Европа. Сите членки на блокот допрва треба да ги ратификуваат протоколите во согласност со националното законодавство.

На почеток