Актуелно

Се повеќе се слуша дека Стевчо ќе даде дозвола за 28 катница, поднесено е барање да се стопира издавањето дозволи, вели Ристов

„Покрај излагањето на ТВ од страна на Стевчо се погласни се гласините дека сепак ќе издаде дозвола за 28 катницата. Всушност тоа и била причината што тој ја злоупотребува администрацијата да оневозможи заседавње на Советот на Општина Карпош“, вели Бранко Ристов, претседател при Советот на Општина Карпош.

„Поднесов решение за свикување седница со една точка на дневен ред “Предлог- Одлука за задолжување на градоначалникот и општината да стопираат издавање на градежни дозволи, забрана за започнување градба и спроведување ревизија на ДУП за градска четврт З 05 блок 08”. Согласно комуникацијата со советнички групи и изјави во јавност одлуката би требало да помине глатко, со 15 гласови; Левица 4, Независни 2, ГРОМ 2, ВМРО- ДПМНЕ 7. Останува да преброиме кој си стои на збор а кој ќе тера лицемерен популизам.

Повторното оневозможување да се одржи седница ќе биде јасен сигнал кои се всушност плановите на градоначалникот. Дополнително, оневозможувањето не само ќе биде кршење на закон туку и брутален анти демократски чин за попречување гласачите да бидат претставени од своите избраници“, вели Ристов.

На почеток