Шилегов до Арсовски: Кога си фатен во Монте Карло на што се повикуваш
Од
Објавено на
Поранешниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов на социјалните мрежи објави статус во кој вели дека Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ е интелектуално инфериорен.
„Кога си интелектуално тотално инфериорен, кога ти фалат 20 цм висина, кога си фатен во Монте Карло (кај баба и дедо у село де, за распуст), на што се повикуваш ?
Петре бил пијаница.
Ех бе Димса, за нијанса попаметен те броев !
Мене моронските коментари во стил: пијандура е (моронски заради устите од кои доаѓаат) никогаш не ме засегале. Затоа што се резултат на вашите (па и твоите Димса) фурстрации и тотална интелектуална инфериорност …“, стои во објавата.