Арсовски му врати на Шилегов: Знам еден Петре што изгуби како цреп на задњи избори, ваљда не му е дојдено ракија да краде
Поранешниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов објави статус во кој вели дека Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ е интелектуално инфериорен. На ова реагираше Арсовски на социјалните мрежи.
„Збориме по дома некој Петре, Перо пишувал статуси за мене, Монте Карло, спомнувал луѓе и се јавува и се убаци дедото на сопругата да се жали дека некој си Петре му ја украл ракијата од подрум. Вика лопов професионалец, капка не оставил.
Да не знаете кој Петре ја украл, да ја врати ако не ја испил? 🤔
П.С. Ја знам еден Петре што изгуби како цреп на задњи избори, ама ваљда не му е дојдено ракија да краде, па да ‘шљака’ по социјални мрежи, пошто пола град го искраде“, се вели во објавата.