Шилегов до Зечевиќ: Годинава вардарскиот во Паљури го јава коњот
Од
Објавено на
Екс градиначалник на Скопје и виден функционер на СДСМ Петре Шилегов, ја продолжува расправијата со генералниот секретар на СДСМ во оставка, Миле Зечевиќ Вардарски.
На ФБ напиша:
,,Годинава вардарскиот во Паљури го јава коњот ….
Без падобрани. Паднат од небо !!!
Ех моја СДСМ …”
Препукувањата се по катастрофалниот пораз на изборите на СДСМ на изборите, за што членството вината ја лоцира кај раководството, меѓу нив и Зечевиќ.
Зечевиќ минатата година јаваше со коњ на Илинден, во Крушево, што сопартијците го критикуваа.