Коментари

Гаши не ја признава државата чиј пратеник е, Османи не ја почитува Македонија, алармира Најчевска по скандалот на аеродромот

Професорката по право, Мирјана Најчевска ја обвини претседателката на Косово, Вјоса Османи за непочитување на институциите на Македонија и државата. Истовремено, смета дека Гаши покажал дека не ја признава државата чиј пратеник е.

„Прво, низ скенерот на аеродром не смее да се помине се телефон. Значи телефонот мора да биде оставен настрана. Второ, со претседателката на Косово требало да има лице од амбасадата на Косово во Македонија а нејзиното обезбедување нема никакви ингеренции освен заштита на нејзиниот физички интегритет. Трето, доколку имало некаков проблем лицето од амбасадата треба да реагира до МНР кое е единствено надлежно за разрешување на вакви ситуации.

Вмешувањето на обезбедувањето на Гаши е спротивно на законите и треба да биде соодветно санкционирано (доклку имало репетирање на пиштол треба да се бара и кривична одговорност. Со тоа што Претседателката на Косово му се јавила на Гаши наместо да оди преку регуларни канали на институциите на Македонија покажала елементарно непочитување на државата во која во моментот се наоѓа. Со тоа што Гаши испратил свое обезбедување да решава проблем поврзан со странски граѓанин Гаши покажал дека не ја признава државата чии пратеник е и не ги признава нејзините институции“.

На почеток