Коментари

Не му веруваат на Груби дека во Тетово ќе се произведуваат автомобили: „Таму нема вода, а не па фабрика“, „Лага е“, „Ќе се изгради кога ќе има тунели под Кале“

Вицепремиерот Артан Груби објави дека домашната интернационална компанија „Еколог“ ќе произведува електрични возила во Тетово. За ова ќе се вложи државната помош во износ од 130 милиони евра. Граѓаните со свои гледишта. Иако ова не беше главна тема на муабетење, песимизнот од рализација за оваа инвестиција е голем.

Песимизмот е дотаму голем што дел од граѓаните сметаат дека фабриката за автомобили ќе се изгради кога ќе има и тунели под Кале (проект на Петре Шилегов кој не е реализиран), автопат од Велес до Прилеп (ветување на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски), кога Илинденска ќе се продолжи со висечки мост.

Дел од другите коментари:

„Лага е бре. Од кај 130 милиони кај владата. Им фалат 1,5 милијарди во буџет,кредит не дава никој. Пробуваат со казни и даноци да поправат нешто. За брзо ќе нема ни за плати ,а не пак ќе правеле фабрика они. Предизборна лага за локалните во Тетово на 20ти сега“, пишува на „Твитер“, твитерџија потпишан како Жива вода.

На „Твитер“ може да се најде и потсетување дека во Тетово се уште граѓаните немаат вода.

„Тетово немаат водовод и депонија, ама им сметала улица што се вика Никола Тесла!“, пишува Пaвел Николаевич.

„На оваа сиромаштија и криза за владата да вложи 130 МИЛИОНИ € народни пари, прво треба да распише референдум и да го праша народот дали се согласува. #лоповиЕдни“, стои во друг твит.

Коментар има и од новинарот Цветин Чилиманов.

„Ако стварно им дадеме 130 милиони државни пари, можат да направат и вистинска кола“, пишува тој.

Други, имаат дилеми каква е таа инвестиција во која државата вложува пари на граѓаните.

„Како тоа странска инвестиција, а владата ќе вложи 130 милиони евра наши пари?“, прашува Рејмонд Редингтон.

На „Твитер“ оценуваат дека ова ќе биде со свој камен, по своја глава.

„Владата ќе инвестира 130 милиони пари од кредити инвестицијата кошта 100 милиони,30 мил.провизија Со свој камен по глава“ пишува друга твитерџика.

На почеток