Магазин

Салман Ружди на респиратор

Британскиот писател Салман Ружди, кој беше избоден неколку пати во вратот и стомакот од напаѓач на сцената за време на предавање во американската сојузна држава Њујорк, бил опериран и сега е на респиратор, објави во петокот вечерта неговиот агент Ендрју Вајли, пренесе Би-Би-Си.

Тој изјави дека „вестите не се добри“, дека Ружди не може да зборува и дека може да изгуби едно око.

„Салман најверојатно ќе изгуби око, нервите во раката му се отсечени, а црниот дроб е пробиен и оштетен“, рече Вајли.

Њујоршката полиција соопшти дека го привела Хади Матар, напаѓачот на познатиот писател, кој вчера бил нападнат додека се подготвувал да одржи предавање во западниот дел на Њујорк.

Матар, 24-годишен маж од Фервју, Њу Џерси, купил билет за да присуствува на настанот, соопшти полицијата, пренесе Ројтерс.

На почеток