Магазин

„Тажен ден“: Елен Деџенерис проговори по смртта на поранешната партнерка Ен Хеч

Актерката Ен Хеч почина вчера на 54-годишна возраст. Од неа се збогуваат колегите и пријателите, а проговори и Елен Деџенерис, нејзината поранешна партнерка.

Вчера, по веста за смртта, Елен се огласи на Твитер и не ја криеше својата тага.

„Ова е тажен ден. Ја испраќам сета моја љубов на децата, семејството и пријателите на Ен“, напиша таа на Твитер.

Ен Хеч доживеа сообраќајна несреќа минатиот петок, кога удрила во гаражата на една куќа во населбата Мар Виста во Лос Анџелес. После тоа веднаш била пренесена во болница, но вчера семејството решило да ја исклучи од машината.

Кога се случи сообраќајната несреќа, водителката Елен Деџенерис меѓу првите се огласи и откри дека не е во контакт со неа, но секако и посакува се најдобро.

Елен и Ен беа во врска кон крајот на 1990-тите, а раскинаа во 2000 година.

На почеток