САД се загрижени за обвинението против странски државјани
Од
Објавено на
САД се загрижени поради извештаите дека „нелегитимните власти во источна Украина“ обвинија британски, шведски и хрватски граѓани, рече американскиот државен секретар Ентони Блинкен.
„Русија и нејзините полномошници имаат обврска да го почитуваат меѓународното хуманитарно право, вклучувајќи ги правата и заштитата што им се даваат на воените затвореници“, напиша Блинкен на Твитер во петокот.
Американскиот државен секретар вчера изјави и дека САД сметаат дека е важно да се спротивстават на Русија, бидејќи нејзината агресија против Украина ги загрози основните принципи на меѓународниот систем, пренесе Ројтерс.