(ВИДЕО) Како изгледа најголемата бензинска пумпа во светот


Најголемата бензинска станица е со големина на фудбалско игралиште.
Нивните бензински пумпи се опишани како „пумпи на стероиди“, а можат да се пофалат и со најголемиот „мини“ маркет во светот. Бензинската пумпа на Buc-ee е создадена и дизајнирана за потребите на американската држава Тексас.
Buc-ee’s во градот Бастроп во Тексас се прошири на неверојатни 5.202 квадратни метри. Како дел од бензинската пумпа има дури 71 тоалет, 96 прегради за полнење гориво и 655 паркинг места. Само поради нивните димензии, нивните бензински пумпи се туристичка атракција сами по себе.
Амбалажата за газирани сокови на Buc-ee доаѓа во сите можни комбинации, така што за само 79 центи можете да наполните сад со големина на човечка глава со Кока-Кола.
Уште една бензинска пумпа во градот Њу Браунфелс, во близина на Сан Антонио, моментално го држи рекордот за најголем мини-маркет во светот. Имено, покрај 60 прегради за полнење гориво и дури 1.000 паркинг места, пронајден е простор и за продавница на површина од 6.224 метри квадратни.
Тука е и најголемата перална за автомобили во светот, долга 77 метри.
Големината на овие бензински пумпи ги инспирираше Јутјуберите Кара и Нејт да поминат 24 часа на бензинската пумпа на Буц-ее и да направат видео за тоа.
Тие заклучија дека Buc-ee’s изградил еден вид култ во Тексас, бидејќи немало некој што не бил таму. Тие станаа свет за себе: нудат свој бренд на слатки, хамбургери, кафе, па дури и облека.
