Талибанците со истрели го растурија протестот на жените
Талибанците денеска со истрели во воздух го растурија протестот на околу 40 жени, кои се собраа во главниот град на Авганистан, барајќи ги своите права, јавува Би-би-си.
Попатно, талибанските борци им ги запленија мобилните телефони, со што беа запрени еден од ретките женски протести во изминатите неколку месеци.
Жените скандираа за „леб, работа и слобода“, носејќи транспарент на кој пишуваше „15 август е црн ден“, алудирајќи на денот кога талибанците го зазедоа Кабул во 2021 година. Некои новинарки кои известуваа за женскиот марш, наводно, биле претепани. Откако Талибанците дојдоа на власт, правата на жените се драстично ограничени, потсетува британскиот јавен сервис.