Свет

Поплавите однесоа повеќе од 50 животи во Судан

Од почетокот на сезоната на дождови во Судан, повеќе од 50 луѓе загинаа во поплавите, а повеќе од 8.170 домови се поплавени, изјави денеска висок полициски претставник.

Деветнаесет смртни случаи се регистрирани во провинцијата Северен Кордофан, седум во провинцијата река Нил и 16 во регионот Западен Дарфур, изјави бригадниот генерал Абдул-Џалил Абдул-Рахим, портпарол на Националниот совет за цивилна одбрана на Судан, пренесе АП.

Поплавите и обилните врнежи поплавија 16 владини згради и околу 40 продавници и оштетија најмалку 540 хектари обработливо земјиште низ целата земја, рече Абдул-Рахим.

Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања објави дека од мај оваа година, околу 38.000 луѓе се погодени од обилните врнежи низ оваа источноафриканска земја.

На почеток