Свет

„Ние сме на работ на војна со Русија и Кина“, вели Кисинџер

Хенри Кисинџер уште еднаш ја критикуваше американската политика кон остатокот од светот.

„Денешните преговори со Русија би значеле само едно – Русија победи… Дали сте подготвени за тоа“

Поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер изјави дека Вашингтон ја отфрли традиционалната дипломатија и во отсуство на голем лидер, го доведе светот на работ на војна со Русија и Кина поради Украина и Тајван.

„Ние сме на работ на војна со Русија и Кина за прашања чиишто сме делумно креатори, без концепт за тоа како кризата ќе заврши или каде ќе не одведе“, изјави Кисинџер за The Wall Street Journal.

Според него, современите американски лидери ја гледаат дипломатијата како нешто за што треба да имаат „лични односи со непријателот“, се обидуваат да ги трансформираат или осудат своите соговорници и не се обидуваат да го разберат нивното размислување.

Кисинџер смета дека САД треба да бараат рамнотежа меѓу себе, Русија и Кина.

На почеток