(ВИДЕО) Терористички напад во Ерусалим, трудница застрелана во стомакот


Најмалку осум лица се ранети, од кои двајца потешко, во терористички напад на автобус во близина на Западниот ѕид во Ерусалим, пишува „Џерусалим пост“.
Напаѓачот употребил огнено оружје и им се предал на израелските власти утрово, откако безбедносните сили го барале цела ноќ, соопшти израелската полиција.
Тој бил приведен на распит и му бил одземен пиштолот. Едно од повредените е трудница на возраст од околу 30 години, која била застрелана во стомакот, поради што лекарите морале итно да направат царски рез.
Се вели дека бебето е во тешка, но стабилна состојба. Меѓу повредените има и четворица американски државјани, додава весникот Ерусалим. Портпаролот на палестинскиот Хамас Фавзи Бархум го нарече нападот храбар чин на отпор, велејќи дека тоа е „природен одговор на окупацијата на населбите и секојдневните злосторства на Израел против Палестинците“.
