Свет

Силен земјотрес ја потресе Индонезија

Земјотрес со јачина од 5,9 степени по Рихтер денеска погоди делови од источна Индонезија, но засега нема извештаи за сериозни штети или повредени, пренесува АП.

Американскиот геолошки институт објави дека земјотресот се случил на 158 километри од брегот на провинцијата Северен Сулавеси, на длабочина од околу 30 километри под морето.

Индонезиската агенција за метеорологија, клима и геофизика објави дека земјотресот бил со јачина од 5,9 степени и дека епицентарот бил на длабочина од 10 километри, истакнувајќи дека земјотресот најверојатно нема да предизвика цунами.

На почеток