Свет

Денес комеморативна седница по повод трагедијата во Цетиње

Комеморативната седница по повод трагичните настани во Цетиње ќе се одржи демес во 10 часот, соопшти градската управа.

Комеморативната седница ќе се одржи во владиниот дом во Цетиње, јавува РТЦГ.

На седницата ќе говорат градоначалникот на Цетиње Никола Ѓурашковиќ и потпретседателот на градското собрание Мирко Станиќ.

Во Црна Гора почна тридневна жалост за жртвите во Цетиње, каде во престрелката загинаа 11 лица, меѓу кои и напаѓачот.

Согласно одлуката која црногорската влада ја донесе синоќа на телефонска седница, денови на жалост се сабота, недела и понеделник, 13, 14 и 15 август.

На почеток