Коментари

„Во држава изградена врз етничка основа постојат само племиња“, „На ДУИ им е во опис да шират омраза кон се македонско“, жестоки реакции за исвиркувањето

Професорката Мирјана Најчевска и пратеникот од Левица Борислав Крмов, се меѓу првите кои се јавија со реакција по видеото на кое се гледа како дел од публиката ја исвиркува водителката додека таа зборува на македонски јазик.

Најчевска смета дека вака не се гради современа држава.

„Државата која се базира на колективитети изградени врз етнича основа не може да биде современа демократска граѓанска држава која ги штити права на поединците. Во ваквата држава нема индивидуи. Постојат само племиња и племенска заштита“, напиша таа.

Крмов смета дека е нормално за ДУИ да шират омраза кон се што е македонско.

„Со големоалбанска и етно-шовинистичка матрица, ширењето омраза кон се што е македонско, на ДУИ им е во опис на работно место. Шовинизмот и омразата на ДУИ се ‘борба за човекови права’, додека барањето заштита на Македонците од асимилаторските политики на соседите е ‘национализам’“, напиша тој.

Бројни осуди имаше и од граѓаните на социјалните мрежи.

На почеток