Нов Зеланд испраќа 120 војници во Британија за обука на украинските војници
Од
Објавено на
Владата на Нов Зеланд најави дека ќе испрати уште 120 војници во Велика Британија за поддршка на обуката на украинските војници.
Во соопштението на владата на Нов Зеланд се наведува дека обуката на околу 800 украински војници ќе биде спроведена на една од четирите локации во Британија и дека војниците на таа земја нема да влезат во Украина.
Обуката е дел од британската програма наменета за воена обука на до 10.000 нови украински регрути.