Свет

Големо откритие за Кина

Бунарите во резерватот Шунбеи се длабоки 8.000 метри, според новинската агенција Ксинхуа.

Најголемата кинеска нафтена рафинерија, Синопек, наводно вадела сурова нафта и природен гас од новоотворените резерви со бунари длабоки околу 8.000 метри, во басенот Тарим во регионот Ксинџијанг, јавува Раша тудеј (RT).

Според Ксинхуа, цитирајќи ја компанијата во средата, локацијата потенцијално би можела да дава 244 тони сурова нафта и 970.000 кубни метри природен гас дневно.

Нафтеното и гасното поле Шунбеи има 41 ултра-длабок бунар и е едно од најдлабоките комерцијални нафтени и гасни полиња на брегот, според Синопек.

Компанијата очекува откритието да ја зајакне енергетската безбедност на Кина.

На почеток