Свет

Путин: Подготвени сме да им понудиме најмодерни видови оружје

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва ги цени своите врски со земјите од Латинска Америка, Азија и Африка.

Тој исто така додаде дека Москва е подготвена да им понуди модерно оружје на своите сојузници, пишува Ројтерс.

„(Ние) сме подготвени да им понудиме на нашите сојузници најмодерни видови оружје, од мало оружје до оклопни возила и артилерија до борбена авијација и беспилотни летала“, рече Путин на официјалното отворање на форумот „Армија-2022“ во близина на Москва.

На почеток