(ВИДЕО) Автобус се запали во Бугарија
Од
Објавено на
Повторно затворен автопатот Тракија кај Бургас поради запален автобус. Инцидентот се случил во 17:39 часот. Во автобусот сопственост на општински превозник се возеле 50 лица. Групата патувала за Атос.
На лице место излегле две противпожарни екипи кои го изгаснале пожарот.
Како што јавуваат бугарските медиуми, пожарот започнал од моторот на автобусот. Нема информации за повредени лица. Според информациите на бугарска НОВА, возачот на автобусот штом видел дека возилото почнало да чади, застанал и ги симнал сите патници.
Сообраќајот се пренасочува по заобиколните правци, само најлевата лента во правец на Софија е отворена за сообраќај.