Мицкоски има коронавирус, ќе прави и втор текст
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е позитивен на КОВИД-19, информираат од партијата.
Мицкоски денеска требаше да биде присутен на настан во општина Маврово Ростуше заедно со кандидатот за градоначалник, но како што информираат од партијата истиот е откажан.
– Ве известуваме дека посетата и настанот на претседателот Христијан Мицкоски во општина Маврово- Ростуше закажан за денес (16.08.2022 година) во 17:45 е откажан. Причини за негово откажување е развивањео на симптоми од Ковид 19 на претседателот Мицкоски, при што беше направен брз антигенски тест, каде што истиот беше позитивен. Во текот на денот претседателот Мицкоски ќе биде тестиран со ПЦР тест за вирусот Ковид 19, соопштија од партијата